Жена малтретирана и вознемирувана од маж кој имал судска забрана да се доближи до неа

|

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(62) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „демнење“ и три кривични дела „неизвршување на судска одлука“.

Во периодот од мај до 21.06.2023, пријавениот во повеќе наврати се движел во просторот каде што живее М.Ѓ.(65) од Штип и со разни предмети и упатувал закани и на тој начин постапувал спротивно на привремената мерка за забрана да и се заканува на жртвата, да ја малтретира, вознемирува, контактира и да и се приближува на растојание помало од 100 метри од нејзиниот дом.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.Р.(45) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Loading…
На 03.07.2023 во Штип, пријавениот физички нападнал малолетник од Штип.