Жена натепана во Кисела Вода, полицијата интервенираше при семејна драма

|

55-годишен скопјанец бил приведен од страна на полицијата откако ја нападнал неговата сопруга.

Според МВР, утрово во 03.10 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода К.Ш.(55) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал неговата 48 – годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти полицијата.

На 01.05.2023 на Граничен премин Блаце, Р.Ш.(51) од Косово пријавил дека околу 15.50 часот на обиколница Скопје, на клучка Приштина, три лица фрлале тврди предмети кон неговото возило „ланд ровер дефендер“ и го оштетиле, при што со повреда се здобил неговиот син. Според пријавеното, причина за настанот е недоразбирањето што го имал претходно со лицата на Граничен премин Богородица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.