Жена со закана изнудила над 60.000 денари од скопјанец

|

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М. С. (31) од Демир Капија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик.

Жената се сомничи дека во повеќе наврати упатила закани кон Г. Р. (45) од Скопје и од него изнудила да ѝ исплати над 60.000 денари.

М. С. била лишена од слобода и во координација со јавен обвинител, против неа е поднесена пријавата, а од судија на претходна постапка ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена.