Одлучна, упорна, доследна, реална, стабилна, внимателна, тврдоглава, фокусирана. Сето ова ја опишува жената бик. Таа ја сака рутината, но од сите животни искуства брзо учи и никогаш нема два пати да ја повтори истата грешка.
Но, нејзината најголема сила лежи во два квалитети: чувствителност и трпение. Има благ карактер, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. За многу нешта има цврст став кој не може да се смени. А ако некој се обиде да ги теситира нејзините граници ќе го разбуди нејзиниот темперамент.
Сепак, таа избегнува да го покажува тој свој темперамент, затоа што ѝ е важна рамнотежата и сигурноста. Сака природа, но не е авантурист и сака да живее во удобна средина. Не сака ризици затоа што не знае најдобро да се носи со промените.
Во љубовта, таа е една од најпосветените и најверните хороскопски знаци и затоа секој маж треба да биде среќен ако има жена бик за партнерка. Кога еднаш ќе се врзе за некого, тоа е засекогаш.