Иако на прв впечаток не изгледа така, мажите кои се родени во овие хороскопски знаци навистина се мамини синови. Тие често се внимателни и партнери кои секој би ги посакал, но многу тешко ќе го добиете првото место во нивното срце – таа позиција сепак им припаѓа на нивните мајки.
Стрелец
Мажите родени во знакот на Стрелец изгледаат незаинтересирано и безгрижно. Сепак, тие се тие кои веруваат дека било кој проблем кој ќе им се случи ќе го решат нивните мајки.
Немој да ве чуди доколку мажите родени во знакот на Стрелец ви кажат дека нивните мајки уште им ги перат алиштата и долната облека или пак одат кај нив за да им го исчистат станот.
Рак
Претпоставуваме дека ова ни малку не ве чуди. Мажите кои се родени во знакот на Рак се неверојатни емотивци кои секоја ситуација ја сфаќаат пресериозно и премногу лично и кои многу од жените ги нарекуваат “плачковци“.
Тие нема да се срамат доколку плачат пред вас.
Лав
Лавовите важат за едни од вистински шармери за кои никој не може ни да замисли да ги разбере, но кога ќе ги запознаете малку подобро ќе сфатите дека токму тие се вистински мамини синови.
Тие советите од своите мајки ги сфаќаат многу сериозно и отсекогаш им даваат предност отколку оние кои доаѓаат од други луѓе. Исто така тие се заштитнички поставени кон своите мајки затоа немојте да се обидувате да ги провоцирате на тоа поле.