На жените родени во знакот на Бик, Близнаци и Јарец, наводно не може да им се одолее и речиси сите мажи „паѓаат“ на нивниот шарм, па нив полесно им е да најдат партнер.
Еве и зошто:
1. Бик
Не постои маж кој што може да одолее на нејзиниот шарм, убавина и сила. Оваа жена е секогаш најгласната личност во просторијата. Мажите ги привлекува со својот хумор и поседува моќни лидерски вештини поради што е склона кон организација и контрола. Таа е некој кој што е убав однадвор, но и однатре.
2. Близнаци
Имаат традиционална убавина која што вообичаено може да се види во старите филмови и секогаш се однесуваат како вистинска дама. Жената Близнак многу добро „ги чита“ луѓето, па немојте да се обидувате да ѝ „продадете“ некои приказни затоа што нема да ги прифати. Жените родени во овој хороскопски знак имаат восхитувачки очи, па кога ќе погледнете во нив нема да може да одолеете – веднаш ќе се заљубите.
3. Јарец
Не сака врски за една ноќ, па никогаш нема да биде со некој поради краткотрајно уживање. Подобро ќе остане сама, отколку со некој кој што не ја заслужува, па поради тоа кога ќе разговарате со неа секогаш ќе ви биде интересно и ќе научите работи кои што претходно не сте ги знаеле. Таа сака мажи кои што имаат нешто паметно да кажат. Знае дека изгледот може да се промени, но начинот на кој што мажот размислува не може да се промени лесно.