Жените родени во овој хороскопски знак добиваат сè што ќе посакаат – како да ги освоите?

|

Жената Лав е исклучително страсна. Таа го добива тоа што го сака. Во секоја врска дава сè од себе.

Настојува да биде успешна во сè што прави и најчесто во тоа успева. Лавиците се исклучително вешти во флертувањето и точно знаат како да ги импонираат мажите.

Жените Лавици секогаш одат кон напред. Доколку здогледате слатко момче и се прашувате дали да му пријдете тогаш веројатно не сте Лавица.

Жените Лавици не се прашуваат дали да ја следат својата интуиција, тие веднаш тргнуваат во акција. Единствениот начин на кој Лавот размислува е агресивен – нема „ако“ и „но“.

Жените родени во овој хороскопски знак целосно го оправдуваат својот знак. За нив зборот „не“ не е опција, доколку е потребно тие разработуваат тактика и по неколку месеци за како да освојат маж.

Иако жените Лавици често се доживуваат како нападни и агресивни, тие едноставно знаат што сакаат, а поради отвореноста и транспарентноста на сите им се јасни нивните намери.

Жените Лавици не само што се неуништливи туку кога еднаш ќе тргнат да направат нешто, потребно им е светот да знае за тоа. Не постои таква работа како што е криењето на намерите.

Како да освоите жена Лавица?
Дадете ѝ љубов и внимание онакви какви што вистинските кралици заслужуваат, затоа што жените Лавици себеси се гледаат како центар на универзумот. Набљудувајте ја како да е единствена девојка на светот, таа мрази натпревар со другите жени.

Импресионирајте ја со големи, романтични гестови – вечера со свеќи, одмори, изненадувања и подароци.

Таа бара потврда за љубовта, така што „тивкото сакање“ со Лавиците едноставно нема да ви успее.