Згоден е како некогаш: Нашиот Зоран Ванев беше голема ѕвезда, а тогаш реши дека естрадата не е за него

|

Нашиот Зоран Ванев, кој нашата публика го памети по песната „Ангела“, достигна огромна популарност и во Србија со хитовите „Јужна пруга“, „Момче ипол“ и други, а тогаш со брзина на светлината исчезна од сцената. Тоа го направи, откако сфати дека естрадата сепак не е она што го придвижува.

Тој велеше дека естрадата не е за него, иако публиката го обожуваше, посебно понежниот пол.

Овој Македонец денеска живее во Швајцарија и се занимава со здравствено осигрување. И не се променил многу, го задржал својот младолик изглед.

Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.