Познатата модна дизајнерка, стилистка, шминкерка и сопственичка на модното студио „Фран“, Фросина Ангеловска веќе осум месеци ужива во мајчинството.
Таа и нејзиниот партнер се остварија во улогата на родители на преслаткото синче, кое е вистински позитив на денот.
Имено тие во моментов се на летен одмор, од кој споделуваат фотографии на социјалните мрежи, дал од себе, повеќе од преслаткото синче… на фотографиите едноставно блескаат од среќа, а тоа може да се види од нивните насмевки.
Тазе мајката ги истакнува своите бујни атрибути и го воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи. Секако нема зошто да ги крие – „Се што е убаво и треба со гордост да се покаже“.
– Иако оваа година немам тело за лето, имам другарче за плажа и тоа го прави животот далеку подобар- стои под една од емотивните фотографии со синчето.
Извор: Женски магазин