ТВ водителката Хелена Роза, која веќе неколоку години живее во Нов Зеланд, со 20 годишната ќерка Кјара и со двегодишниот син Тијан е на гости во Скопје, за да се види со најблиските.
Хелена и Кјара се појавија на настанот организиран од „Fixie“ по повод Денот на менструацијата. Ќерката Кјара веќе порасна и многу наликува на својата мајка, со што навистина изгледа згодно и модерно.
Хелена и ќерката Кјара работат како менаџери за продажба во најголемата светска компанија за наочари „Луксотика“ со седиште во Милано.
Кјара има момче, со кое често споделува фотографии на својот профил на Фејсбук.
Тетката на Кјара, познатата пејачка Ребека, често коментира дека се „пар на годината“ и дека супер изгледаат заедно.
Во градот Окленд, Хелена Роза е со децата и со сопругот Игор, кој е поранешен фудбалер, а сега работи како електричар. За животот во Нов Зеланд, таа вели дека е многу смирен, а луѓето таму се многу позитивни и насмеани, и не се чуствува речиси никаков стрес.