Зголемени цени на билетите за меѓуградски превоз

|

Од денеска доколку сакате да го користите меѓуградскиот превоз ќе треба да платите од 15 до 20% повисока цена, зависно од превозникот. Како причини за зголемувањето се наведуваат повисоките цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето – недела неработен ден, каде според законот, треба да им исплатат повисоки дневници на вработените, информира Сител ТВ.

Секој превозник сам ја крои цената. Во моментов највисока е за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е  930 денари.

Гевгелија, со покачувањето од денеска, а билет за еден правец чини 520 денари, додека повратна карта 770 денари. Плус до Гевгелија има повеќе патарини. Но, секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20,30 денари, изјави Масар Омерагиќ, превозник.