Зголемени цените на угостителските услуги за 11,2 посто за разлика од лани

|

Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава, се зголемени за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 1,9 отсто, алк охолни пијалаци за 0,7, безал кохолни пијалаци за 0,4 и ноќевања за 0,3 отсто.

Според ДЗС, цените на угостителските услуги во јуни годинава во однос на јуни минатата година се зголемени за 11,2 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 7,7 отсто, додека во однос на декември 2021 година е зголемен за шест отсто.