Повторно зголемување на цените на угостителските услуги

ИЗВОРНов Лист
|

За периодот јануари – август 2022 година во однос на истиот период лани кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги е зголемен за 9,9 отсто, додека во однос на декември 2021 година за 8,2 процента.

Информациите на Државниот завод за статистика укажуваат на тоа дека индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во споредба со јули 2022 година е зголемен за 0,7 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,4 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 16,7 отсто.