И покрај традиционалниот регион, Моза се појавува во јавност со откриено лице, доктор е на науки и се занимава со политика. Нејзина желба е Истокот да се модернизира и напорно работи на тоа.
Елеганцијата, стилот и софистицираноста имаат едно друго име, и тоа гласи Шејха Моза бинт Насер. Сопруга е на катарскиот емир и една од неговите три жени, која ја заслужува секоја минута од вниманието на светските медиуми, а еве и зошто.
Нејзината најважна титула секако се нејзините деца, има пет синови и две ќерки.
Сопруга на катарскиот емир станала во 1977. година, кога имала 18 години. Во тоа време била студент на Универзитетот во Катар, а дипломиран социолог станала девет години по бракот.
Моза своето знаење константно го применува во пракса, активна е во многу организации, како Арапската демократска организација, Организацијата за образование, наука и развој на заедниците и разни програми за помош на деца.
Значајна е нејзината работа во “Катар Фондација”, со која управува нејзиниот сопруг, а која го изградила “Градот на образованието” во Доха и во Катар донела американски факултети.
Моза во Газа започнала изградба на низа образовни институции, а нејзината работа довела до тоа оваа жена да поседува седум почесни докторати. Моза често е заедно со сопругот на неговите официјални патувања.
Вниманието на јавноста го привлекла со беспрекорниот стил, но и ставот, кој секогаш јасно го изнесувала држејќи говори во водечките политички и општествени институции.
За неа велат дека е најголема љубов на шеикот Хамад бин Калиф Ал Тани, а нивниот син Тамим, иако не е првородено дете на катарскиот лидер, е прогласен за престолонаследник.
За стилот на првата дама на Катар своето го кажал и “Vogue”, кој ја вброил во петте најдобро облечени жени на светот. “Vanity Fair” ја прогласил за најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулиен МекДоналд таа е втората Џеки Кенеди.
Моза е една од ретките дами кои 365 дена во годината облекува парчиња од висока мода.
Нејзиното величество купува парчиња кои чинат меѓу 20 и 30 илјади долари, а специјално дизајнираната облека за неа достигнува цена и до 100.000 долари.
Некои извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.