Стрелците навистина знаат како да ги преминат границите и да го тестираат трпението на луѓето околу нив. Тие знаат дека вистината боли, но сепак немаат проблем да ја кажат. Имаат енергична личност, но се многу приватни луѓе. Тие се одлични во градењето ѕидови околу своето срце со цел да не дозволат некој да ги повреди.
Наместо да се лутат, тие преферираат да ги поминуваат тешкотиите низ смеа. Кога чувствуваат вознемиреност, тие тоа не го покажуваат. Но затоа кога ќе им прекипи, од нив ќе се излее сѐ што дотогаш се собирало.
Жената Стрелец толку пати се сопнала, паднала и продолжила понатаму, што сега е посилна од кога било. Таа не знае за граници и секогаш е во потрага по вистината.
Таа е силна и секогаш води
Жената родена во овој знак е личност која може да биде прва во сè. Таа навистина се труди да биде успешна и многу вложува во себе и во своето знаење. Се бори да ги постигне најдобрите резултати и целиот живот ѝ се сведува на тоа.
Љубопитна е и поради тоа постојано се развива
Стрелците се постојано љубопитни. Со овој знак владее куќата на филозофијата, а жената Стрелец ја бара вистината во сите околности. Таа длабоко го истражува секој маж, жена или дете, и нејзините разговори можат да бидат во врска со сè – од религија и политика, до сексуална ориентација.
Ништо не е надвор од границите или табу во нејзината потрага по одговори
Таа е сестрана и навистина шармантна личност. Секогаш ужива во новите искуства. Жените Стрелци обично се искрени и независни, а оваа комбинација е навистина привлечна.