Великодушна, привлечна, отмена, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, темпераментна, полна со живот, роден лидер… Лесно ќе ја забележите оваа жена, таа се смее најгласно, нејзината насмевка е најубава и зрачи со самодоверба. Станува за збор за жените Лавици.
Со овој хороскопски знак владее сонцето, центарот на универзумот, па затоа и Лавицата тежнее да биде во центарот на вниманието. А тоа секогаш ѝ успева.
Врски
Бидејќи е независна, таа бара партнер со истата особина. Нејзе не ѝ е потребен некој што ќе се грижи, туку потребен ѝ е партнер што ќе ѝ ја покаже својата сила. Таа сака забава и динамика во врските, а не може да поднесе рутина. Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец и Вага.
Пријателство
Благодарение на својата волшебна енергија и ентузијазам, Лавицата е како магнет за други луѓе, а нејзините пријатели многу често се луѓе кои ја обожуваат. Лавицата сака да им угодува на своите блиски, а на многумина им е и најдобра пријателка. Таа никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде овде за нив. Простува сè освен едно – предавство.
Изглед и стил
Овие девојки имаат густа коса, баш како лавовска грива, изразени црти на лицето, големи топли очи, широко чело и мали уши. Лавиците се најгорди на својата коса која многу често е руса или црвена. Лавиците се високи, со долги нозе и силни мускули. Секогаш изгледаат угледно и гордо. Тие сакаат да се украсуваат со накит и други модни додатоци, а облеката најчесто им е со жолта и портокалова боја. Тие купуваат облека само со најдобар квалитет и сакаат да носат облека која другите ја немаат. Тие можат да изгледаат одлично и во најчудните модни комбинации. Обожуваат кашмир и свила.
Обожуваат да одат на фризер, а во нивниот гардеробер сигурно ќе најдете чевли со циркони или ѓердани со големи светкави камења. Лавиците купуваат во придружба на пријателките кои се овде само за да им даваат комплименти. Тие уживаат да се огледуваат, а коментарите за нивниот изглед доаѓаат од сите страни. Жените Лавици се вистински ѕвезди.