Живот на Марс? Роверот на НАСА откри метан на Црвената Планета

ИЗВОРСкопје24
|

Роверот на НАСА откри огромни количини на метан, гас што го произведуваат живите суштества, за време на мисијата на Марс.

Ова откритие укажува дека можно е да има живот под површината на Црвената Планета.

Роверот на НАСА Curiosity го откри ова додека вршеше мерења на воздухот во средата.

Ваквото сознание ги менува нештата и сега научниците ќе го сменат начинот на кој работи роверот за да се фокусира на ова подрачје.

Научницит се многу возбудени поради ова и се надеваат дека ќе најдат микроби за кои се смета дека се „преселиле“ под површината во периодот кога се смета дека Марс бил потопол, повлажен и имал подобри услови за живот пред 4 милијарди години.

Сега роверот ќе трага по докази за живот на Марс. Научниците истакнуваат дека постојат индиции дека овој метан е испуштен неодамна. Некои научници кои не се поврзани со мисијата на НАСА сметаат дека можно е да се работи за „древен метан“ што милиони години бил заробен во Црвената Планета и сега „пробива“ низ пукнатините на површината на планетата.

При мерењата направени пред 15 години од Европската вселенска агенција беше откриено присуство на метан на Марс, но тогаш се мислеше дека станува збор за техничка грешка бидејќи резултатите беа добиени кога опремата беше при крај со струја.

Според последните мерење, количината на метан е тројно зголемена.

Резултатите од испитувањата што роверот ги прави викендов се очекуваат утре.

Извор: kajgana.com