Жичарницата денеска ќе има скратено работно време

|

ЈСП информира дека Жичарницата денеска, четврток (19.05.2022 год), ќе работи до 17.30 часот, поради редовни планирани тестирања.

– Од утре, објектот ќе продолжи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно Одлуката за работно време во период мај – септември. Потсетуваме дека во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи, информираат од Јавното претпријатие.