|
Жичарницата на Водно ќе биде пуштена пред Нова година, информираше денеска в.д директорот на ЈСП, Иван Илиевски.
Во моментот се проверува техничката исправност, бидејќи жичарницата околу две години не е во функција, односно од почетокот на панде*ијата кога поради рестриктивните мерки за заштита од болеста беше затворена.
Скопјани подолго време бараат да почне да работи и оваа желба конечно ќе им се оствари.