Како што соопштија од Град Скопје од денеска повторно е во функција жичарницата до врвот на Водно. Како што беше најавено и претходно, веќе се направени сите неопходни процедури за пуштање на жичарницата во функција во однос на технички и безбедносен аспект.
Согласно протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50% од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска.
Дополнително, од Град Скопје известија дека дека во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно, односно 25, 25А и 25Б.
„Во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп“, се додава во соопштението на Град Скопје.
Жичарницата не работеше од почетокот на прогласувањето панд*мија поради болеста.
Извор: radiomof.mk