Жичницата на Водно од утре со зимско работно време

|

Жичницата на Водно од утре, 1 ноември, ќе работи според зимско работно време, односно од 10 до 17 часот, соопшти ЈСП.

Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот. Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

ЈСП потсетува дека неработни денови на Жичницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Од утре изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.