Земјите од североисточна, како и од источна европа на средината од седмицата ќе бидат зафатени од првото влијание на поларниот вртлог кој ќе донесе значително пониски температури на воздухот, но и снег. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, но сепак овој бран ќе биде далеку од нашиот регион.
Како што најавивме кај нас продолжува така нареченото “Мини лето”. Врнежи кај нас не се очекуваат.
Се на се, во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од европскиот континент.
Од друга страна пак, западот од европа ќе биде многу потопол со невообичаено високи температури на воздухот.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!