ЗИМАТА НЕ СЕ ПРЕДАВА: ОД ДЕНЕС ПА НАТАМУ НОВО ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ТЕМПЕРАТУРИ ПОД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ГОДИНАТА

|

Како што најавивме, поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од денес па во следните денови времето во Македонија ќе бие променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со сончеви периоди, на некои места и подолги и со услови за локално провејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец.

Што се однесува до температурите тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаМожете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki