На Попова Шапка утрово се измерени најниски во Македонија -12 степени, во Маврово и Крушево -7, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, -3 Прилеп, -2 во Скопје, Куманово, Охрид, Битола, Виница, -1 Тетово, а еден степен на нулата во Гевгелија.
На Попова Шапка има и најмногу снег 52 сантиметри, а 37 во Маврови Анови и во Крушево, информираат од УХМР.
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со слаб до умерен ветер од северен правец. Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а дневните од четврток ќе бидат во благ пораст.