Ѕирнете како изгледа најскапата хотелска соба на светот (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

200.000 долари за две ноќевања – точно толку чини да престојувате во најскапата хотелска соба во светот.

Екстравагантниот простор се наоѓа во ресортот „Палмс Казино“ во Лас Вегас, а е дизајниран од врвниот уметник Демиен Хирст.

Наречен „Empathy“, хотелскиот апартман вклучува две спални соби и има базен со прекрасен поглед. Во него можат да се забавуваат 52 лица, а можеби најнеобичниот дел во целиот ентериер е „аквариумот“ со две ајкули во формалдехид.