Жител на Непал го сруши светскиот рекорд: За една недела два пати се искачил на Монт Еверест

ИЗВОРСкопје24
|

Планот му е да се искачи 25 пати, а потоа ќе се пензионира. Непалскиот алпинистички водич Ками Рита го сруши светскиот рекорд, но и сопствениот рекорд качувајќи се двапати во текот на една недела, но и 24-ти пат на Монт Еверест.

Ками (49) во четвртокот на 16-ти мај се искачил на врвот на светот од јужната страна на највисоката планина на светот, а во вторникот наутро на врвот пристигнал водејќи ја групата на индиски алпинисти, изјавила Мира Ачарја, член на непалското одделение за туризам.

Овој жител на Непал кој работи за „Seven Summit Treks“ организирал експедиција со седиште во Катманду им помага на странските алпинисти да стигнат до врвот на Монт Еверест.

Неговите соработници, но и соперници, Апа и Пурба Таши до “врвот на светот“ досега стигнале 21 пат. Ками Рита изјавил дека ќе се повлече од оваа работа кога ќе се искачи на Монт Еверест 25 пати.

„Уште сум силен и сакам да се искачам на врвот Сагамарт 25 пати“ – изјавил Ками Ројтерс, користејќи го непалското име за Монт Еверест.

Последниот пат на крајната висина од 8.848 метри се искачил преку гребенот на во вообичаената југо-источна рута.

Алпинистот својот пораст го остварил во 1994-та година кога имал 24 години. Еден од неговите успеси бил реализиран од кинеската страна во 2016-та година.

Оваа сезона околу 1000 алпинисти се обиле да ги освојат Хималаите.

Откако Ермунд Хилари и Тензинг Норџ во 1953-та година го освоија “врвот на светот“, на Монт Еверест се искачиле околу 4.000 алпинисти, додека околу 100 луѓе настрадале за време на искачувањето и слегувањето од планината.