Жители на Лакочереј со ултиматум: Ако „Лев Тахор“ не си замине, нема да ги пуштаме децата во школо

|

Жителите од охридското село Лакочереј, каде моментално престојува еврејската религиозна група „Лев Тахор“, на газдата од хотелот каде се сместени му дале рок до утре да ги избрка, во спротивно се заканија дека ќе излезат на масовни протести, а децата нема да ги пуштат на училиште, објави СДК.

„Синоќа се собравме стотина луѓе спонтано. Го побаравме газдата на хотелот каде е сместена групата ‘Лев Тахор‘. Газдата од за него познати причини ни рече дека не може да присуствува на собирот кој беше  сред село. Сите отидовме пред хотелот и му кажавме до среда напладне да си ги дислоцираат луѓето. Тој кажа дека работел на тој проблем и со туроператорот барале решение. Имаше и полиција на собирот“, вели Илче Настоски, жител на селото.

Настоски кажа дека ако 37 членови на групата не заминат од нивното село ќе излезат масовно на протести пред хотелот, а децата нема да ги пратат на училиште, оти школото било само на 500 метри од хотелот па стравувале тие да не им ги кидна пираат деца.