Жителите на Дебар Маало се жалеле на бучавата, „Самерленд“ ќе завршува еден час порано

ИЗВОРСкопје24
|

По добиеното барање од група граѓани од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните што се организираат во рамките на манифестацијата „Самерленд“, што се организира во Градскиот парк, Градот Скопје донесе одлука за скратување на траењето на активностите на оваа манифестација и истите да завршуваат еден час порано.

Така, наместо до полноќ, програмата секоја вечер ќе трае до 23 часот, а истата ќе се одвива и со намалена гласност.