Жители на Тафталиџе останаа без вода – Сложен дефект на поголема длабочина

ИЗВОРНов Лист
|

Oд утринските часови eкипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на ул. Теодосиј Гологанов, односно на крстосницата со ул. Анкарска, соопштија од ЈП Водовод.

Од јавното претпријатие соопштуваат дека со прекинато водоснабдување се корисниците од следните улици: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле.
Екипите на ЈП Водовод заедно со потребната механизација, работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување.

Се работи за сложен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато од истата