Живот како вистински БЕГ: Еве во каква куќа живее и каков „ѕвер“ вози Кемал од „Карасевда“

ИЗВОРСкопје24
|

Популарниот турски заводник Бурак Озџивит, познат како Бали Бег од “Сулејман Величествениот” и Ќамран од “Дневникот на Фериде”, а кој на млите екрни во Македонија се врати со улогта на Кемал во „Карсевда” живее навистина раскошен живот.

Бурак се прослави во серијата „Сулејман величенствениот” која го прослави ширум светот, особено кај жените.

Со оглед на тоа дека со години е меѓу најпосакуваните мажи, не треба да изненадува фактот што треба да издвоите дебела сума за да вечерате со маркантниот заводник.

За запознавање со него во рамките на емисијата „Meet and greet” девојките издвојуваат околу 600 евра, а во тоа е вклучен и краток разговор со актерот, фотографирање и автограм.

Ако сакате пак повеќе време со него, може да присуствувате на групна вечера и тоа за 1200 евра.

Бурак е во брак со Фахрие Евџан или позната како Неџл од хит серијата „Кога лисјата паѓаат”

Откако се венчаа купија голема вила и имаат живот како големи холивудски ѕвезди.

Оваа турската брачна двојка, моментално го живее еден од највозбудливите периоди во животот- го чекаат да дојде на свет нивното прво дете.

Пред неколку месеци во изјава за турските медиуми открија дека чекаа машко бебе, но името се уште не го откриваат.

Исто така се појавија информации дека на актерите им била понудена милионска сума за да го покажат лицето на бебето кога ќе се роди.

Деновиме каде и да излезат во јавност, фотографите постојано се околу нив, а од најновите фотографии може да се види дека трудничкиот стомак на Фахрие доста нараснал, а пак Бурак изгледа доста поразлично со долга коса.

Нивниот наследник ќе се роди наскоро, а тоа ќе биде дополнителна причина уште повеќе да бидат во фокусот на медиумите.