Животот на Катарина и стана вистинска бура: Се разведе, па и се врати на старата љубов, но повторно не е среќна

ИЗВОРСкопје24
|

Атрактивната српска ТВ водителка Катарина Шишмановиќ која ние ја гледавме на Сител во „Се за љубов”, која секоја недела знаеше како да ни го задржи вниманието со нејзината емотивна и вистинита емисија, се повлече од екраните.

По емисијата „Се за љубов“ Катерина се врати на малите екрани заедно со неодоливиот шармер, актерот Милан Калиниќ. Добро познатиот пар, го водеа шоуто “Кој е на врвот”. За таа прилика обајцата се средија, а Калиниќ отиде до таму што го промени и својот или поточно ја бојадиса косата и стана русокос.

-Навистина сакав по емисија каква што е „Се за љубов“ да избераме нешто што на некој начин ќе претставува чекор погоре во мојата кариера. Кога ми го понудија квизот „Кој е на врвот?“, во тоа препознав целосно нов предизвик и нешто преку кое ќе се унапредам себе и својата досегашна кариера. Квизот е поинаков, многу автентичен, нешто што досега не е видено на овие простори, а пред се забавен, изјави тогаш убавата Катарина.

Но на приватен план минатата година убавицата имаше голем тежок период, со години беше во љубовна врска со сопственикот на продукцијата Емоушен, Горан Стоименовиќ по разделбата Катерина се омажи во Словенија, а бракот и траеше само една година.

Откако се врати од Словенија убавата водителка реши повторно да му даде шанса на Горан Стоименовиќ, но и сепак љубовта не била голема па повторно се разделија.

Шишмановиќ важи за една од најубавите и најатрактивните ТВ личности на српската естрада, таа е рај за машките очи.

Водителката постојано на социјалните мрежи знае да објави фотографии од атрактивни дестинации.