Златар би го пресекол прстенот, но овој инженер дошол до генијална идеја

ИЗВОРСкопје24
|

Страница на Фејсбук „Impressive World“ објавила импресивно видео. Станува збор за едноставен и интересен трик, кој ретко кому би му паднал на памет.

За ваков проблем доктор би препорачал сечење на прстот, златар сечење на прстенот, но овој инженер го решил за една минута.

Погледнете како да извадите заглавен прстен од вашиот прст:

Прочитајте и дополнителни совети со кои лесно ќе го исчистите вашиот накит:

Пивото, вотката, оцетот, газираната вода и кечапот можете да ги примените и за други работи освен за консумирање. Станува збор за чистење на вашиот омилен накит, бидејќи секоја од овие течности може да ви помогне да го вратите стариот сјај на вашите омилени аксесоари.

Пивото го чисти златниот накит
Најдобро средство за чистење на вашиот златен накит е пивото. Доволно е да нанесете пиво на мека крпа и да го исполирате. Потоа накитот дополнително треба да го пребришете и со сува крпа за да не останат никакви траги. Накитот од злато на кој има и циркони не е препорачливо да го чистите со пиво, бидејќи може да го уништите.

Оцет или паста за заби за сребрен накит


Пастата за заби содржи флуор кој ја отстранува нечистотијата, а најдобро е да ја нанесете на чиста крпа или на четка за заби и со кружни движења да ги истриете накитот. Потоа исперете го со ладна вода и убаво избришете го со сува крпа.

Одличен избор е и мешавината од сода бикарбона и алкохолен оцет. Во сад ставете половина шолја оцет и две лажици сода бикарбона и оставете го накитот да отстои во мешавината 2-3 часа. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го да се исуши.

Кечап за отстранување темни дамки


Сребрениот накит може да поцрни, а темните дамки најлесно се отстрануваат со кечап. Доволно е да го оставите накитот во сад со кечап неколку минути или да го исполирате со кечап и четка за заби. Потоа исперете го накитот со ладна вода и избришете го со крпа.

Вотката ги чисти накитот од кристали и стакло
Поради нејзините корозивни својства, вотката е многу ефикасна за чистење на кристали и стакло. Таа помага и за бижутерија, а доволно е само да нанесете малку на крпа и да го исчистите накитот.

Газирана вода за скапоцени камења
За чистење на вистински скапоцени камења како дијаманти, рубини или сафири можат да ви помогнат газираните води. Се препорачува скапоцените камења да ги ставите во чаша со газирана вода и да ги оставите да преноќат.