Златко (45) и 35-годишната Дијана од Битола веќе неколку дена се гладни, немаат пари за јадење, ниту пак за хигиена. Освен социјалната помош од 1900 денари, друг извор на пари немаат.
Дијана е со психичка попреченост, а Златко има скршено колено, но има и други здравствени проблеми. Двајцата се невработени. Златко порано работел како продавач, но сега вели дека повеќе не е способен за работа.
-Каде што оди ја враќаат од работа, ја испуштаат. Имам побарано работа, но дека со коленото, им треба човек во движење. А јас не можам без патериците да се движам. Требаше да се правам операција, но не можеа да ми стават анестезија бидејќи срцето не ево ред, притисокот не е во ред, не се нафаќаа докторите во Охрид, ме вратија оттаму, вели Злате Митревски.