Златни правила за перење алишта: Што влегува во машина закопчано, а што откопчано?

|

За некои парчиња облека потребно е и се препорачува да се перат во машина закопчани, а некои не треба да се закопчуваат бидејќи така лесно се уништуваат. Или ќе уништат други алишта во барабанот, а може дури и да ја оштетат машината.

Облека со патент
Незакопчаните патенти не само што можат да ја оштетат деликатната облека, туку можат да ја изгребат и вратата на машината за перење. Затоа, дури и производителите на машини во нивните прирачници за употреба препорачуваат сите патенти да се закопчаат пред перење.

Облека која има копчиња
Ако перете кошули, блузи, фустани и друга облека со закопчани копчиња – грешите. Закопчаните копчиња не само што можат да се откинат, туку можат дури и да ја раскинат ткаенината каде што се сошиена. Можеби намерно не ги закопчувате копчињата пред перење, но дури случајно закопчано копче може да направи проблем. На пример, кога вашиот партнер ќе ја соблече кошулата преку главата и ќе ја фрли за перење. Познато, нели?

Облека која се закопчува со куки
Зборуваме за тие куки како на градниците. Тие може да се закачат на други парчиња облека во машината и понежно да се кинат, и лесно да отпараат парче ткаенина. Нив не можете да ги закопчате пред перење бидејќи се премногу лабави и ќе се откопчаат. Затоа овие парчиња треба да ги перете посебно, во платнена вреќа – како што всушност и треба да ги перете градниците. Сигурно веќе сте слушнале за случај кога жица излегла од градникот, отишла подалеку од барабанот и ја расипала машината.