Лори Квин Левенберг, професионална аналитичарка за соништа, откри за порталот „Кат“ како да ги толкуваме луѓето и сценаријата што ни се појавуваат во соништата.
Без разлика дали станува збор за родители, колеги или дури и познати личности, подолу можете да го дознаете значењето на тие соништа.
Ако го сонувате поранешниот партнер
Поранешниот партнер кој најчесто се појавува во нашите соништа е нашата прва љубов. Можеме да ги сонуваме дури 50 години по раскинувањето. Причината зошто оваа посебна личност има тенденција постојано да се појавува во нашите соништа е дека „првата љубов“ во нашата потсвест симболизира страст, возбуда, желба да останеме заедно засекогаш и сите тие магични, младешки чувства.
Ако вашата прва љубов ви се појави во сон, тоа може да биде знак дека вашата моментална врска е малку здодевна и дека треба да биде „зачинета“.
Ако во сонот ви се појави мајката
Луѓето сонуваат за својата мајка почесто отколку што сонуваат за нивниот татко. Всушност, во просек, секој добива облик на мајка во сон барем еднаш неделно.
Сепак, важно е да се запамети, особено кога разбирате што значат различните луѓе во сонот, дека сите фигури се всушност дел од вас. Умот што сонувал ќе ни покаже различни делови од нашата личност во форма на други луѓе.
Значи, ако сте и вие мајка, и ја сонувате својата мајка, тоа ќе ја претставува вашата улога како мајка. Обрнете внимание на тоа каква е таа е во сонот. Дали е вредна? Дали е болна? Дали умира? Дали е во неволја? Таа всушност е одраз на твоето мислење за себе си како мајка.
Ако сонувате за вашите колеги
Ако станува збор за колега со кој работите секојдневно, тогаш вашиот ум веројатно игра ги процесира настаните од претходниот ден. Но, што ако е колега со кого не комуницирате често?
Левенберг го вели следново:
– Тие исто така претставуваат дел од вас. Затоа, запрашајте се, што е најимпресивното нешто кај тој колега? Кој е нивниот најголем квалитет? На што прво помислувате кога ќе се сетите на овој колега? Можеби соработникот за кој сонувате е технички експерт и навистина е добар во поправка на компјутерите. Примени го тој квалитет на себе. Дали треба да го прифатите тој квалитет и дали сакате да бидете ценети во работата колку што е тој?
Ако сонувате дека вашиот партнер ве изне верува
Прво, дали во вашата врска постоело неверство? Ако е така, тоа само покажува дека сè уште постои недоверба.