Значителен прилив на пари за водолиите, загарантиран успех за овните – Дневен Хороскоп (04.04.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Како и секогаш настапувате дипломатски и рационално. Поради тоа успехот ви е загарантиран. Оние кои се сами воопшто не им пречи тоа што немаат партнер, туку напротив. Зафатените ги очекуваат компликации.

Бик (21.04 – 21.05)

Колегите и надредените имаат преголеми очекувања, а вас тоа ве нервира. Во љубовта не го цените тоа што го имате па се однесувате лошо кон партнерот. Можно е да зажалите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате иновативни идеи и решенија. Доколку добиете поддршка од колегите и надредените, сигурно ќе ги остварите. Гаите силни емоции кон една личност. Не се плашете да ги покажете.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку имате приватен бизнис, ве очекува многу успешен ден, ќе заработите повеќе од очекуваното. Во љубовта осамени сте и ништо не правите да го промените тоа.

Лав (23.07 – 22.08)

Преземате премногу обврски иако знаете дека нема да можете се да завршите во зацртаниот рок. Многу трети лица се мешаат во вашиот љубовен живот. Запомнете дека тие се небитни кога станува збор за љубовта.

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку планирате да забележите успех, ве советуваме да преговарате со лице родено во знакот на Лав. Расчистете со минатото пред да започнувате нова љубов. Лицата во брак ќе бидат во хармонија.

Вага (23.09 – 22.10)

Преземате премногу обврски иако знаете дека нема да можете се да завршите во зацртаниот рок. Многу трети лица се мешаат во вашиот љубовен живот. Запомнете дека тие се небитни кога станува збор за љубовта.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

За стрелците денешниот ден ќе тече сосема вообичаено, некои дури и ќе се досадуваат од секојдневната монотонија. Бидете внимателни доколку од вас се бара да направите некаков избор. На љубовното поле нема да се случуваат промени, и оние кои се сами ќе го задржат тој статус одредено време.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Заморот ќе ги совлада оние кои оваа недела биле преплавени од проекти. Без грижа, ќе бидете наградени за дополнителниот труд. Чувајте го здравјето, ве очекува настинка, бидете сигурни и дека се храните разновидно со цел да не го ослабите имунитетот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој ден ќе доживеете повеќе критики отколку вообичаено. Не се фрустрирајте поради тоа туку пронајдете начин да ги поправите грешките. Сеуште не сте преболеле некоја личност од минатото. Направете го тоа конечно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува значителен прилив на пари. Ќе бидете повеќе од расоложени и со среќа ќе ги извршувате работните обврски. Уживајте во љубовта со саканото лице. Не ги комплицирајте работите без потреба.

Риби (20.02 – 20.03)

Сте преземале премногу обврски, па очигледно е дека ќе направите грешки поради брзањето и еуфоријата сите да ги завршите. Ќе имате добар однос со партнерот, тоа ќе ви даде енергија за другите сегменти од животот.