Значително подобрување на финансиите за овните, интересна фаза на љубовното поле за стрелците – Дневен Хороскоп (18.09.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ви следува значително подобрување на финансиите, ќе дојдете до поголема сума на пари. Кога станува збор за љубовта ќе чувствате голема приврзаност за партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку ве очекува некој јавен настап, презентација… можете да се надевате на успех. Љубовната ситуација е одлична, ви се ближи брак или принова.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува поволен период без оглед со која работа се бавите, а особено ако соработувате со странство. На љубовното поле ќе имате сосема солидна ситуација. Полни сте со позитивна енергија.

Рак (22.06 – 22.07)

Резултатите ќе бидат малку помали од тоа што сте го очекувале, па ќе бидете разочарани. Доколку сте слободни очекувајте познанство со личност која е уметник.

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е на работа да ви биде малку повеќе од напорно, смирете се и без тензии завршете ги обврските. Љубовната ситуација нема да ги задоволува вашите стандарди, па ќе сакате нешто брзо да промените.

Девица (23.08 – 22.09)

Перодот е поволен за одмор и релаксација, не би требало да се преоптеретувате со деловните обврски. На полето за љубов ве очекува интересна средба со една личност која не открива многу нешта за себе.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува некој помал прилив на пари или можност на деловен план да остварите мал напредок. Во љубовта очекувајте поволна ситуација, саканото лице ќе ви ги исполни сите желби.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Интуицијата ви работи под полна пареа, па препорака е да го послушате внатрешното чувство при донесување на важни одлуки. Љубовната ситуација е многу добра, ќе уживате со партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку планирате потпишување на некој договор, пред вас е многу поволна фаза. На полето за љубов ве очекува многу интересна фаза, активни ќе бидете на полето за флерт.

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку планирате да се занимавате со приватна работа, овој период е идеален за тоа. Поведете сметка нервозата која ве следи да не го загрози односот со саканото лице.

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е многу поволен период во кој ќе бидете исклучително вредни и продуктивни. На полето за љубов ве очекува убава ситуација и одлично поминат викенд со саканото лице.

Риби (20.02 – 20.03)

Пред вас е одличен период во кој нема да имате премногу работа, а ќе имате премногу среќа. Во љубовта ви следат нови случувања, слободните ги очекува фатално познанство.