Православните христијани денес го прославуваат најрадосниот христијански празник – Велигден, празникот на Христовото Вос кресение. Со отворени срца, смиреност и радост, верниците гo прославуваат враќањето на Исус Христос од мр*вите и победата над см*тта, поздравувајќи се со зборовите „Христос Воскресе – Вистина Воскресе!“.
Јајцето е најпопуларниот симбол на најсветлиот христијански празник. Традиционално пред Велигден во секој дом се вапсуваат јајца кои го симболизираат воск реснувањето и почетокот на нов живот. Тоа е еден од најубавите и највеселите православни обичаи кој се негува до ден денес.
ШТО СИМБОЛИЗИРА ВЕЛИГДЕНСКОТО ЈАЈЦЕ?
Јајцето отсекогаш се сметало за симбол на повторното раѓање и се поврзувало со оживувањето на природата. Во многу култури јајцето се сврзува и со плодноста, а во минатото постоеле верувања дека целиот универзум е создаден од едно џиновско јајце. Се смета дека ова сфаќање произлегува од латинската поговорка „Omne vivum ex ovo“ што во превод значи „Целиот живот потекнува од јајце“.
Во христијанството велигденското јајце го симболизира Христовото Воскресение. Тврдата лушпа на јајцето го претставува гр*бот на Исус, а кршењето на јајцата го симболизира воскр еснувањето од мр* вите. Затоа, кога некому подаруваме велигденско јајце, ние го поздравуваме со зборовите „Христос воскресна“.
За Велигден традиционално јајцата се бојадисуваат и декорираат. Во западните култури бојадисувањето на јајцата постепено започнува да се заменува со купување на чоколадни јајца и пластични јајца полни со бонбони, но кај нас традицијата на вапсување силно се негува.
ЗОШТО ПРВОТО ЈАЈЦЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЦРВЕНО?
Црвената боја ја симболизира пролеаната к*в на Исус за спасение на луѓето на земјата, а воедно претставува и победа, здравје, оптимизам и љубов.
Постојат многу легенди кои објаснуваат кое е значењето на црвеното јајце и зошто токму тоа има најголема моќ. Според една од нив, кога Марија Магдалена го видела Исус по неговото воск реснување, таа со себе носела кошница со јајца за да им раздаде на другите жени. Во моментот кога го здогледала, тие се обоиле во совршена црвена боја.
Според друга легенда, додека Исус бил распнат, во подножјето на крстот дошла кокошка и снесла јајце. К*вта која течела од телото на Исус го обоила јајцето во црвена боја. Затоа, првото јајце треба да биде во црвена боја за да ја симболизира Исусовата к*в пролеана на крстот.