ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО НАВИСТИНА СЕ ПОСТИ ВО СРЕДА И ВО ПЕТОК?

|

Едно од многу важните правила во животот на секој верник од христијанска вероисповед е постот во среда и петок.

Многуина го практикуваат, но, знаете ли зошто верниците постат баш во среда и петок? Сигурно милион пати сте слушнале од некого дека петок е ден за постење за здравје и добробит на целото семејство.

Според она што го знаеме од Библијата, среда е ден за постење затоа што на ден среда Јуда го предаде Исус Христос. Тоа е настан кој му претходеше на неговото страдање и значаен, тежок ден во религијата затоа црквата ја одреди среда за ден на молитва и воздржување од мрсна храна.

Иако тоа можеби сте го слушнале од некого, постот не е ограничен само на родителите или на оние кои сакаат да имаат деца. Постот е насочен кон религијата и почитта кон спасителот. Постот заради децата може да ви биде само дополнителна мотивација, односно желба вашите деца да не страдаат поради вашите минати гревови, како и молитва за нивно здравје.

Грижете се за тоа што го правите – не е невообичаено казната за гревот да се одрази на децата, како што вели старата поговорка: „Родителите јадат грозје, а децата мелат заби“.

Во петок пак се пости поради тоа што тоа е денот која беше распнат нашиот спасител Исус Христос и кога тој се врати на небесата. Овој ден исто така е многу тежок па од тие причини црквата одреди секој петок во неделата да биде ден за пост и молитва за спасение.

Во среда и петок се пости на вода, освен кога овие денови паѓа празник со црвена буква или светец чие име е запишано со задебелени букви во календарот. Во тој случај дозволена е употреба на црвено вино и масло.