Знаете ли зошто сите патнички авиони се во бела боја?

ИЗВОРСкопје24
|

Сигурно сте забележале дека логото или натписот на авионите секогаш е ставен на бела подлога. Тоа не е случајност.

Некои примероци на „небесните птици“ доаѓаат и во други бои и изданија, но речиси 99% од сите патнички авиони се во бела боја. Причини за тоа има неколку, но како и секогаш, најважни се оние од безбедносна природа.

Имено, на бела боја најлесно се воочуваат пукнатините, истекувањето на маслото и останати различни проблеми кои може да се случат доколку леталото е неисправно, а на тој начин и најбрзо ќе се реши проблемот.

Исто така, белата боја најдобро ја одбива светлината и топлината, што е многу важно бидејќи го намалува загревањето на авионот. Покрај тоа, белата е една од боите кои најлесно се забележуваат на небото, во случај на судар или лоши временски услови. Тоа е и единствената боја која не може да избледи.

Секако за изорот на оваа боја постојат и економски причини, бидејќи бојадисувањето на авионот е и долг и прилично скап процес, а поради наведените предности на белата боја, нема ни потреба да се бојадисуваат.

Дополнително, истражувањата покажале дека обоените авиони потешко се продаваат, па тоа е уште една дополнителна причина зошто авионите се бели.