Знамето на НАТО подигнато на јарболот пред Владата веднаш до државното

ИЗВОРСкопје24
|

Од денеска знамето на НАТО се вее пред зградата на македонската Влада, покрај државното, со што симболично се означува започнатиот процес на зачленување во најмоќната Алијанса во светот.

На свеченоста присуствува дипломатскиот кор, воените аташеа на земјите членки на НАТО, пратениците и сите претставници на Владата. Свеченоста започна со интонирање на македонската химна од страна на воениот оркестар. Потоа Зоран Јанковиќ, шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје му го предаде НАТО знамето на премиерот Заев, кој пак го предаде на АРМ.

Со интонирање на химната на НАТО, знамето на Алијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.

-Ова е нова станица во нашата историја, а најголемата заслуга е на граѓаните кои храбро исчекоривте и ја побаравте иднината што ја заслужуваме, рече премиерот Зоран Заев на церемонијата. Тој за денешниот ден се заблагодари и сите претходни претседатели на државата, на пратениците, на АРМ, на новинарите за поддршката, на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас кои преговараа за Договорот кој го отвори патот на Македонија кон евроатлантските интеграции. Исто така Заев се заблагодари на грчкиот премиер Алексис Ципрас за неговата одлучност и пријателство.