Големо знаме на Р. Албанија утринава било поставено на источната страна на Самуиловата тврдина во Охрид, веднаш зад големиот јарбол на кое е истакнато македонското национално знаме.
Истакнатото албанско знаме го забележале жителите кои живеат во тој дел на градот, а од фотографиите објавени на порталите и социјалните мрежи се гледаат четири лица како го поставуваат знамето на тврдината.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои се гледаат како лице во албанска носија го вее знамето на кулата на тврдината.
За случајот е запознаена и полицијата. Од СВР Охрид велат дека се работи за членови фолклорна група кои биле повикани на разговор.
Знамето на Самуиловата тврдина е поставено од лица кои се претставија дека се членови на фолклорна група и за кратко време е тргнато. Повикани се две лица во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
Според неофицијални информации станува збор за група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид и тука снимала видео материјал.
Инаку на социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од лице облечено во албанска фолклорна носија како го вее албанското знаме на шеталиштето кај Охридското езеро.