Зоолошка се сеќава на земјотресот: Настан кој се памети, а се случил неколку дена пред катастрофата

|

Зоолошка градина се сеќава на катастрофалниот земјотрес од пред 56 години. На својот Фејсбук профил, споделена е приказна, која се има случено само неколку дена пред катастрофата.

Во 1963 година, во Скопје ЗОО живеела шимпанзото Милева. Тоа лето, го изгубила бебето и била тажна. Еден топол јулски ден, само неколку дена пред катастрофата која го погоди Скопје, успеала да избега од своето живеалиште. Во Градскиот Парк здогледала брачен пар со бебе во количка. Водејќи се од мајчинскиот инстикт, Милева го украла женското бебе и се качила на дрво. Нејзините зоо негуватели постојано викале: Милева пушти го детето, Милева пушти го детето, додека мајката вознемирено плачела. Милева немала намера да го повреди бебето, но сепак немала намера ни да го пушти, тагувајќи по своето изгубено чедо. За жал, на крај шимпанзото морало да биде у*иено, а за среќа малото бебе било спасено неповредено.

Со години, Милева се наоѓа во Крими Музејот во Идризово, каде што немо сведочи за приказната на две мајки. Бебето денеска е возрасна жена, живее во Скопје и се надеваме дека еден ден ќе ни биде гостин во Зоолошка градина Скопје, раскажуваат од таму.