Зоран Заев на полноќ објави листа – Многу пари се враќаат назад кон граѓаните (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

„За неполни две години обезбедивме повеќе канали преку кои насочуваме пари директно кон граѓаните. Голем дел преку зголемување на платите, друг дел преку кратење трошоци, а дел преку директна помош.

#ЗборотЕЗбор #ПаритеКајГраѓаните“,напиша премиерот Зоран Заев вечерва на социјалните мрежи.

За неполни две години обезбедивме повеќе канали преку кои насочуваме пари директно кон граѓаните. Голем дел преку…

Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 2. Mai 2019

ВМРО-ДПМНЕ пак обвини дека Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните.

Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија. Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори на јуни, тоа е така затоа што нема реформи. – се наведува во најновото соопштение од ВМРО ДПМНЕ.

Доколку во изминативе десетина година главна пречка за не отпочнување на преговори беше ветото од Грција, сега главен проблем се недостатокот на реформи.

Заев и Пендаровски добија насока за спроведување на сет на реформи меѓу кои: Правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Ништо од ова не е исполнето. – велат од ВМРО.

Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните, и наместо да направат нешто, тие ја вратија државата назад.

Со Заев и Пендаровски во Република Македонија цвета само криминалот. Државата тоне, а луѓето се заглавени во безнадежност.

Време е да се промени лошата пракса и државата да почне да ниже успеси.

Гласот за Гордана Сиљановска е глас за реформи, за просперитет, за право и правдина. – велат од опозициската.