Зошто јануари е месец за нова работа?

ИЗВОРНов Лист
|

Според статистикат една од пет личности бара нова работа во овој месец. Што е тоа што ги тера луѓето да размислуваат за промена на работното место во јануари? Еве што мислат експертите и работодавците!

Нова година, нов јас – добро позната фраза која влегува во главата на луѓето на почетокот на годината. Стивен Хемфрис, извршен директор на една компанија, вели дека желбата за нови цели ги мотивира луѓето да бараат нова работа.

Јануари е време кога луѓето поставуваат нови цели за себе и бараат промени. Работата опфаќа голем дел од нашите животи па затоа токму тоа е првото нешто што тие размислуваат да го променат, вели Хемфрис.

За Ник Кирк, извршен директор на друга компанија, оправдано е да се очекува голем број на апликации за работа во јануари бидејќи луѓето се инспирирани за промени. Според него, тој ефект е најсилен во средината на месецот, а уште поинтересен факт е дека тие го прават тоа во вторник.

Фил Весткот, директор на одделот за вработување на една фабрика, смета дека јануари е месец кога луѓето се “будат“ од настаните кои се случувале минатата година.

Драстични промени во односите се случуваат во декември, а потоа во јануари луѓето почнуваат да бараат нова работа како уште една промена во нивниот живот. На пример, на почетокот на декември се случуваат најголем број на раскинувања, но остатокот од месецот е популарен за веридби, вели Весткот.

Јануари е, исто така, периодот кога се случуваат најголемиот број на разводи, и тоа уште во првата недела од месецот. Така да, без оглед дали некого сте напуштиле или сте биле напуштени, ќе започнете да барате нова работа како шанса за нов почеток.

Семејството е голема мотивација
Потрошеното време со семејството и пријателите во декември ги мотивира и ги охрабрува луѓето да донесат некои големи одлуки на почетокот на годината и да ја променат својата перспектива во однос на работите. Фил силно верува дека оние кои биле несреќни во текот на целата година се прашуваат себеси дали треба да се вратат на работа.

Периодот за време на празниците во кој луѓето уживаат со семејството и пријателите е клучен за работата. Ако чувствувале стрес или притисок за време на работата, ова е периодот кога тие се релаксираат и полека сфаќаат дека не вреди да се вратат на своето работно место, појаснува тој.

Промени во компанијата
Јануари е месец на покачувања и унапредувања на работа. Оние што мислат дека нема да добијат ниту едно од горенаведените, добиваат мотивација да бараат нова работа. Меги Олд, директорка за човечки ресурси во една фабрика, се согласува дека јануари е голем месец во календарите на фабриките.

Голем број од компаниите планираат крупни промени во деловните активности во новата година, а некои од вработените не се гледаат себеси во ова, па затоа одлучуваат да се повлечат, наведува таа.

Јануарското расположение е уште една причина за депресија во овој месец. Целиот месец е сив, деновите се темни и генерално постои лошо расположение.

Дали и вие размислувате за нова работа во моментов?