Актерот Милош Биковиќ веќе подолго време поради деловни обврски живее на две адреси, во Белград и Москва, а сега во главниот град на Русија ја однесе својата нова девојка Ивана Малиќ.
Ивана тоа го потврди на својот Инстаграм профил каде објави фотографија од Москва.
– Поладно е отколку што изгледа – напиша Ивана, а веднаш следеа бројни коментари под сликата.
Некои и дадоа комплименти за убавиот изглед, а имаше и такви кои се пошегуваа за нејзината врска со Биковиќ.
– Зошто си му ја украла јакната на Биковиќ? – напиша еден од следачите на Ивана, но таа не одговорила на тој коментар.
Да потсетиме, Ивана е адвокатка од Црна Гора, а Милош Биковиќ за прв пат се појави во јавноста со неа на почетокот на овој месец.