Зошто толку малку ги плаќаме – Ова е тајната на евтините летови

ИЗВОРСкопје24
|

Не верувајте во понудите што звучат премногу добро за да бидат вистинити, постојано нѐ предупредуваат, особено денес кога од сите страни имаме голем број производи и услуги со прифатливи цени, акции и попусти. Таков е случајот и со нискобуџетните авиокомпании.

Меѓу нив најголема и најпозната е „Рајанејр“, која со 362 линии лета во 22 држави. Големиот развој на компанијата следувал по дерегулацијата на воздушниот сообраќај во Европа во 1997 година. Оваа ирска компанија се прославила кога понудила карти по цена од само еден цент. Но, иако повеќе не ги продава картите по оваа цена, на голем број од нејзините релации може да летате за само 10 евра. А цените и понатаму се спуштаат.

Овој авиопревозник, и покрај силната конкуренција, се надева дека оваа година ќе оствари профит од околу 1,1 милијарда евра.

Се поставува прашањето како таквите компании го остваруваат својот профит со оглед на ниските цени на превоз што ги нудат. Честопати цените се пониски од патничките такси, така што авиокомпанијата ефективно го субвенционира секој патник. Наместо да заработува од цената на билетите, „Рајанејр“ стана најпрофитабилна авиокомпанија во Европа благодарение на наплатата на дополнителниот багаж и приоритетниот влез, за што има сѐ повеќе барања. На популарните летови, тоа им ја обезбедува продажбата на картите однапред, наместо оние поскапите, ако се купуваат во последен момент. Така, нивниот недостиг може да се надомести.

Нивната деловна стратегија е прифатена и од конкуренцијата. Така, дел од нивниот стандарден бизнис стана практика за намалување на цените, а наплаќање на секој додаток. Една од таквите компании е и унгарската „Виз“, која овој модел го доведе до крајност, па сега прави многу повеќе пари од продажба на додатоци отколку од продавање билети. Нејзиниот успех ја охрабри и „Рајанејр“ да ја копира оваа стратегија и да наплаќа за дополнителниот багаж.

Секако, постојат граници и за оваа стратегија, па се користат други бизнис-модели. На патувањата на долги релации авиокомпаниите се трудат да продадат доволно лименки „кока-кола“ и бесцарински парфеми, за да надоместат за изгубените пари во поглед на поевтините цени. Со финансиски проблем се соочува „Норвежиан“, а се покажа дека овој модел не е толку успешен во посиромашните земји, каде што жителите ги користат токму поевтините летови за да избегнат плаќање на каков било трошок. Затоа, со летовите на кратки дестинации, на пример, во Индија, се губат пари. Но, во земјите во развој овој модел има свои потенцијали. Можеме да очекуваме цените да станат уште поевтини, а додатоците да станат многу поскапи.