Стрелецот е најголемиот авантурист помеѓу хороскопските знаци. Нивниот филозофски и отворен ум ги мотивираат да „лутаат“ во потрага за смисла за животот.
Верноста и лојалноста се двата главни зборови кои ги опишуваат заљубените Стрелци. Нивниот партнер мора да биде паметен, интелектуален и емотивен. По природа лесно се заљубуваат, но ако еднаш се „затрескаат“ во една личност остануваат со неа до крајот на животот. Многу се пријатни и сите сакаат да ги имаат во своето друштво. Секогаш се трудат да ве насмеат и да ви биде пријатно во нивна околина.
Многу се интелегентно надарени и имаат многу силна интуиција. Најдобри се во решавање предизвици и секогаш се озбилни кога станува збор за нивниот мир и стабилност. Во своите прилики тие се родени борци, и на патот до успехот не може ништо да им застане.
Секогаш сакаат да се смеат, но не и да бидат во центар на внимание. Уживаат во различните култури што ни го нуди животот, и затоа имаат пријатели од сите страни на светот. Многу лесно стекнуваат пријатели и никогаш нема да ве изневерат. Слободата можеби најдобро ги опишува Стрелците.
Стрелецот фаворизира интересни и динамични задачи, и имаат авантуристички дух. Доверете му некоја задача и видете како без никаков проблем сам стигнува до целта. Едно е сигурно на Стрелецот секогаш можете да се потпрете, ќе ви биде идеален партнер и одличен пријател.