Зошто Америка се замрзна и го чека ли Балканот иста судбина – поларни вртлози на прагот на Европа (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Северот на САД е замрзнат поради поларните температури и ветрови кои доаѓаат од Арктикот. Исто така, е најавен и студен бран кој ќе ја зафати Европа.

Иако светот му се смее на твитот на американскиот претседател кој за поларните температури го обвини глобалното загревање, нештата во САД каде на средниот запад температурите се и преку -50 , наметнуваат некои важни прашања.

Прашањето кое го поставува светот е зошто се бележат такви студени рекорди ако светот глобално се загрева и ако големите зимски минуси се се помалку? А , посебно е интересно дали можат таквите екстремни студови да станат почетси и во нашиот регион.

Над Земјите полови, како северни, така и јужни, во високите делови на атмосферата, во тропосферата, и стратосферата, се наоѓаат посебни подрачја на низок притисок на воздухот, кои се нарекуваат поларни вртолози.

Во тие вртолози, поради ротација на Земјата, воздухот кружи во насока од запад кон исток.

Кога зборуваме за северната хемисфера, под северниот вртолог се наоѓа маса на студен, густ, арктички воздух. Местото на среќавање на студени полари суви маси на воздух со топли, влажни, блиски до екваторот , се нарекува поларен фронт и приближно се протега на околу 60º географска ширина, што значи некаде над Скандинавскиот полуостров.

Поларниот вртлог, чија сила зависи од големината на разликата во температури на половите и на екваторот, обично јакнее во зима, а слабее во лето бидејќи во зима се разликите поголеми а во лето послаби. Но , со климатските промени, Северниот пол забрзано се загрева, побрзо од остатокот на светот.

Причината за тоа е фактот дека секоја година белата површина на мраз која рефлектира сончева светлина се повеќе се намалува, а површината на црното море кое впива сонце се зголемува. Така се создава повратна спрега на топење на мразот и загревање.

Ваквото забрзано загревање на Северниот пол доведува до намалување на разликите во темпратури помеѓу поларните и тропски краеви, а со тоа и до намалување на разликите во притисокот. Поради тоа слабеење, слабиот и поларен вртолог кој функционира како своевиден ѕид кој ги спречува продирањата на студениот воздух на југ.

Терминот “Поларен вртлог” првпат се употребува во 2014 година, кога во Чикаго и на многу места во Соединетите Американски Држави имало многу студено време. Причината е поларната експресија, која е како ураган над Северниот Пол, со брзина на ветерот од околу 180 км / ч.

Дејството се развива на околу 15 до 20 км во Стратосфера, каде што овие силни ветрови се движат во совршена форма на тркалезна маса. Понекогаш, ослабнуваат, а потоа огромни количини леден воздух се чувствува дури до јужните држави и го прави времето невообичаено судено.

Може ли и Европа да ја зафати таков бран од поларни температури?

Одговорот е потврден.

Европа во последните децении воглавно беше поштедена од исклучително големи продори на поларни вртолози какви што во има често беснееја во сверот на САД.

Меѓутоа, анализата на метеоролошки податоци низ последните три децении покажуваат дека зимските поларни вртолози се селат се повеќе на исток – од северозападот на САД, кон североистокот на САД, а и понатаму кон Евроазија.