Велигденските јајца се бојадисуваат и декорираат на Велики четврток. Првото јајце се бојадисува пред изгревот на сонцето, затоа што се верува дека нема да се расипе и дека ќе трае цела година доколку не го види сонцето. Домаќинките рано наутро вапсуваат три јајца во црвена боја.
Со првото јајце за здравје се исцртува крст по лицето на децата во куќата со зборовите „Црвено, бело, дебело“ или „Црвено, бело, здраво и живо“. Тоа јајце се смета дека има заштитна моќ и се чува на посебно место во куќата до следниот Велигден.
Бројот на бојадисани јајца зависи од бројот на членовите на семејството, но јајца се бојадисуваат и за секој гостин кој ќе го пречекори куќниот праг.
ЗОШТО ПРВОТО ЈАЈЦЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЦРВЕНО?
Црвената боја ја симболизира пролеаната к*в на Исус за спасение на луѓето на земјата, а воедно претставува и победа, здравје, оптимизам и љубов.
Постојат многу легенди кои објаснуваат кое е значењето на црвеното јајце и зошто токму тоа има најголема моќ. Според една од нив, кога Марија Магдалена го видела Исус по неговото воскреснување, таа со себе носела кошница со јајца за да им раздаде на другите жени. Во моментот кога го здогледала, тие се обоиле во совршена црвена боја.
Според друга легенда, додека Исус бил распнат, во подножјето на крстот дошла кокошка и снесла јајце. К*вта која течела од телото на Исус го обоила јајцето во црвена боја. Затоа, првото јајце треба да биде во црвена боја за да ја симболизира Исусовата к*в пролеана на крстот.
ЗОШТО СИ ПОДАРУВАМЕ ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН?
Подарувањето јајца потекнува од библиски настан. Се смета дека по см*тта на Исус, Марија Магдалена тргнала во Рим за да го проповеда евангелието. Кога се сретнала со римскиот император Тибериј, таа му подарила јајце и го поздравила со зборовите „Христос воскресна“.
Додека му раскажувала за Христовото Воскресение, императорот се насмеал и рекол дека враќањето на Исус од мр* вите е исто толку невозможно колку и белото јајце во нејзината рака да се претвори во црвено. Пред да заврши со говорот, јајцето во раката на Марија Магдалена се обоило во светлоцрвена боја.
Оттаму потекнува традицијата христијаните да си подаруваат велигденски јајца пред да се поздрават со зборовите „Христос воскресна“.